Мрежа на Авто експерти

Auto Experts е специјализирана мрежа на авто експерти (сервиси, вулканизери, авто салони, станици за технички преглед и регистрација на возила, рент-а-кар компании, плацеви за користени возила, продавници…) кои имаат традиција на квалитетно работење, соодветни капацитети (инфраструктура, опрема, кадар, процедури) и фер цени.

Сега, нашите клиенти (физички и правни лица) имаат можност лесно, брзо и онлајн да ги најдат авто експертите во нивното соседство и близина. Може да се информираат за можностите, специјалноста, бројот на вработени, специјалните понуди, цени и попусти кај фирмите кои се дел од нашата мрежа и со тоа да си го олеснат животот, намалат нервозите и заштедат времето и домашниот буџет.

Професионална мрежа на Авто Експерти

Зошто Auto Experts?

Свесни сме за сериозните проблеми и предизвици со кои се соочуваат  нашите клиенти и возачи (физички и правни лица) во обидот да ги најдат вистинските механичари, електричари, продавачи, контролори… на кои целосно ќе им ја доверат грижата за своите возила.

Токму затоа, ја креиравме – Аuto Experts. Внимателно селектираната мрежа на авто експерти кои се анализирани по повеќе основи, посетени, интервјуирани  и избрани како фирми кои се способни професионално да одговорат на вашите барања.

Заштедете време, пари и нерви

Заштеда на Вашиот буџет

Со нашите партнери, авто експерти, сме во постојани преговори за креирање на акции, кампањи и поволности, наменети за корисниците на нашите услуги (сопствениците на возила), со кои имаме заедничка цел – да го зголемиме задоволството на клиентите и заштедиме нивниот буџет.

За таа цел ја креиравме и нашата Клуб картичка, со која добивате попусти (како процент на цената на работната рака и резервните делови), но и бројни поволности со кои ќе се чувствувате како VIP корисник во мрежата – Auto Experts.

Секогаш заедно, за максимално задоволство

Континуирана поддршка

Нашите клиенти (сопствениците на возила) може да сметаат на континуирана поддршка која ќе расте и ќе се развива преку : креирање на контакт центар, помош на пат, советување за сите работи поврзани со нивните возила, финансирање…

За нашите партнери (авто експерти) обезбедуваме и дополнителна поддршка преку : континуирана обука, професионални тренинзи, маркетинг акции и кампањи, набавка на опрема, обезбедување на најсовремените и најдобри хардверски и софтверски пакети за дијагностика и водење на бизнисот…